Thursday, April 18, 2013

Лионел Меси

Меси e еден од моите најомилени фудбалери.Тој исто така игра во Барселона кој е мојот омилен клуб.Накратко ќе ви раскажам нешто во врска со него.

Лионел Андрес Меси  е аргентински фудбалер кој игра за Барселона и репрезентацијата на Аргентина. Се смета за еден од најдобрите фудбалери на својата генерација а често и за најдобар фудбалер во светот со неколку номинации за Златна топка и Играч на годината до својата 21. година, а веќе на 22 ги доби и двете Неговиот стил и вештина потсетуваат на оние на Диего Марадона, кој и самиот го прогласи Меси за свој „наследник“.

Меси почна да игра фудбал на рана возраст и неговиот потенцијал беше набргу забележан од Барселона. Во 2000 година го напушти клубот Њуелс Олд Бојс од родниот град Росарио и замина со своето семејство во Европа, бидејќи Барселона му понуди лекување на неговиот здравствен проблем (недостаток на хормонот за раст). Дебитираше во сезоната 2004/2005 и стана најмладиот играч кој дал гол во лигата. Истата година Барселона победи во шпанската лига, а во 2006 покрај лигата, победи и во Лигата на шампионите. Најмногу се проби во сезоната 2006-07, станувајќи редовен играч од прва постава, постигнувајќи хет-трик на Ел класико и завршувајќи со 14 голови во 26 натпревари од лигата. Веројатно неговата најуспешна сезона беше 2008-09, во која Меси постигна 38 голови.


Monday, April 15, 2013

Герет Бејл

Мојот омилен играч е Герет Бејл кој игра во Тотенхем. Накратко ќе ви раскажам нешто за него.
Герет Бејл е репрезентативец на Велс.
Неговата кариера ја започнал на 17 април 2006 година каде што играл во Соутемптон.Неговиот прв гол го постигнал од слободен удар против Дерби на 6 август 2006 година.
На 25 мај Тотенхем потпишал 4 годишен договор со Бејл и плата од 5.000.000 фунти.Тој сега има 23 години и е еден од најдобрите и најбараните играчи во светот.Бејл има постигнато многу добар успех во дресот на Тотенхем и има оставено голем впечаток во Мурињо кој е тренер на Реал Мадрид.



ФК Тотенхем Хотспар

Мојот омилен клуб е Тотенхем Хотспар,  познат и како Спарс, е англиски фудбалски клуб со седиште во Тотенхем, Лондон, кој игра во Премиер лигата. Домашен стадион на клубот е Вајт Харт Лејн.



Основан во 1882 година, Тотенхем го освои ФА Купот за прв пат во 1901 година, што го прави единствениот Нон-Лигашки клуб од самото формирање на фудбалската лига, кој успеал да го стори тоа. Тотенхем беше првиот клуб во 20-от век кој успеал да постигне Дабл Кап (Double Cup) откако во сезоната 1960-1961 тимот ги освои ФА и Лига Купот. По успешната одбрана на ФА Купот во 1962 година, во 1963 година стана првиот британски клуб кој успеал да освои УЕФА европски трофеј во клупска конкуренција - освојувајќи гоКупот на Победниците на Куповите. Во 1967 година го освои ФА Купот по трет пат во 60-тите. Во 1970-тите Тотенхем го освои Лига купот во два наврати и беше прв победник на Купот на УЕФА во 1972 година, со што стана првиот британски клуб кој успеал да освои два различни големи европски трофеи. Во 1980-тите Спарс освои неколку трофеи: во ФА Купот двапати,ФА Комјунити Шилд и Купот на УЕФА. Во 1990-тите клубот го освои ФА Купот и Лига Купот. Кога тимот го освои својот последен трофеј, во Лига Купот во 2008 година, значи дека тие освоија голем трофеј во секоја една од последните шест децении - достигнување кое е еднакво само со Манчестер Јунајтед.
Исто така нивни најголеми ривали се Арсенал и Челзи.

ФК Барселона

Мојот омилен фудбалски клуб е Барселона, кој е професионален фудбалски клуб од Шпанија, стациониран во Барселона, Шпанија. Игра во Ла Лига, и е еден од трите клуба кои никогаш ја немаат напуштено Ла Лига. Формиран како Фут-Бол Клуб Барселона (Foot-Ball Club Barcelona) во 1899 година од група на швајцарски, англиски и шпански фудбалери предводени од Жоан Гампер, клубот стана симбол на каталонската култура и каталонците, под мотото „Més que un club“ - во превод - повеќе од клуб. Официјалната химна на Барса е "Cant del Barça" чии автори се Жуам Пикас и Жозеп Мариа Еспинас. За разлика од многу други фудбалски клубови, фановите ја поседуваат и раководат со Барселона.


Барселона е вториот најбогат фудбалски клуб во светот во поглед на приход, со годишен обрт од 366 милилони евра. Клубот има долго ривалство со Реал Мадрид , натпреварите помеѓу овие два тима се познати како Ел Класико. ФК Барселона е најуспешениот фудбалски клуб во Шпанскиот фудбал, во поглед на вкупно освоените трофеи, има освоено дваесет титули во Ла лига, рекордни дваесет и пет Шпански Купови, девет Шпански Супер Купови и два Лига Купови. Исто така е еден од најуспешните клубови во европскиот фудбал, со освоени десет УЕФА натпреварувања. Барселона е единствениот европски клуб кој игра континентален фудбал секоја сезона од 1955 година. Во 2009 година Барселона стана првиот шпански клуб кој ги има освоено Ла Лига, Кралскиот Куп и Лигата на Шампионите во една сезона. Истата година стана и првиот фудбалски клуб во светот кој има освоено шест од шест трофеи во една година, вклучувајќи ги и Шпанскиот Супер Куп, УЕФА Супер Купот и ФИФА светскиот клубски Куп.